Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Пендаровски ја прими Бисера Турковиќ, заменик претседавач на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Бисера Турковиќ, заменик претседавач на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, која престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

На средбата соговорниците ги потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, особено во областа на економијата.

Разменети беа мислења за европските интеграции на двете земји, за улогата на Европската Унија во регионот од аспект на актуелната геополитика, и беше посочена важноста од имплементација на клучните реформски процеси.

Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката од нашата држава за европските аспирации на БиХ, а воедно изрази и подготвеност за споделување на искуства во однос на НАТО интегративниот процес, додавајќи дека европските перспективи на двете земји се во насока на градење на силен и стабилен регион.

Претседателот Пендаровски и министерката Турковиќ разменија информации и за предизвиците со кој се соочува регионот од аспект на политичките, економските и безбедносните состојби.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК