Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Маричиќ: Преговорите со ЕУ се најголемиот и најважниот македонски проект кој бара обединување

„Имаме историска прилика која не смееме да ја пропуштиме. Евроинтеграциите се најголемиот и најважниот македонски проект кој бара обединување и поставување на сите општествени чинители на начин на кој функционира и Европската Унија: Дијалог, солидарност, поддршка и компромис“ изјави вицепремиерот за европски прашња Бојан Маричиќ на прес-конференција.

Тој, како и премиерот Димитар Ковачевски, повика на обединување и на политички консензус околу иднината на државата.

„Јас како главен преговарач со ЕУ повикувам сите заедно да покажеме дека визијата и желбата земјата да ја направиме членка на ЕУ до 2030 е реална и поважна од сè кога е во прашање нашата иднина. Тоа ќе биде потврда на нашата политичка зрелост, дипломатска умешност и административна способност“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека процесот на преговори е долготраен, масовен, комплексен и многу значаен и затоа е потребно да се вклучат сите.

„Овој процес Владата ќе го води максимално отворено и инклузивно. Го мобилизираме најдоброто од нашето општество за да им го обезбедиме најдоброто на граѓаните“ рече Маричиќ

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК