11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Скринингот е во напредна фаза, се одвива согласно предвидувањата

„Скринингот е во напредна фаза и се одвива онака како што предвидовме со Европската комисија. Успешно го заокруживме Кластер 1, во понеделник ги започнуваме билатералните скрининг состаноци за Поглавјата 3,6 и 7, односно ‘Право на основање и слобода на давање услуги’, ‘Право на трговски друштва’ и ‘Право на интелектуална сопственост’, од Кластерот 2, ‘Внатрешен пазар’“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека со скринигот се добива прецизна, аналитичка презентација на состојбата во однос на усогласеноста на македонското право со европското.

„Ги нотираме недостатоците и ги дефинираме следните задачи на кои ќе треба да работиме за да ги постигнеме европските стандарди, во догледен рок, согласно определбата за членство во ЕУ во 2030. Ова е делот од евроинтеграциите кој практично ги ‘турка’ реформите дома, до целосна подготвеност на земјата за членство во Унијата“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека горд што како држава успешно се подготвивме и ги презентиравме сите области кои се дел од преговарачкиот процес и откри дека првичните коментари од сите влклучени страни се позитивни.

„Оценката и клучните укажувања ќе ги добиеме во скрининг Извештаите, кои очекуваме да бидат подготвени што е можно побрзо од Европската комисија и одобрени од Советот. За Кластер 1, кој го завршивме пред нешто повеќе од месец дена, ќе барам скрининг Извештајот да биде доставен до нас во наредните 3 до 4 месеци, бидејќи тоа ќе ни помогне во подготовката на Патоказите за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и функционирањето на демократските институции“ кажа Маричиќ.

Спонзорирано: