15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Во наредниот период засилени контроли на застаклените тераси на локалите

Во наредниот период Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ќе почне со засилени инспекциски контроли на застаклените тераси на рестораните, кафе-баровите и на другите локали.

Акцијата ќе ги опфати сите нелегално изградени и застаклени тераси пред и околу локалите, кои не поседуваат одобрение за поставување урбана опрема и друга соодветна документација за нив.

„Со оваа активност почнуваме да воведуваме ред во начинот на поставување и одржување на летните тераси на кафеаните, рестораните, кафе-баровите и другите локали што вршат дејност на подрачјето на општина Центар. Целта е да се отвори просторот и да се ослободат јавните површини и да не им пречат на граѓаните затоа што јавниот простор е наше заедничко добро“, изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Во деновите што следуваат активна ќе биде и градежната инспекција, која ќе врши надзор на изградените доградби на објектите и ќе ги санкционира сите објекти што се спротивни на програмата за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Центар.

По вчерашното отстранување на доградбата на бутик на улицата Македонија, градоначалникот Герасимовски посочи дека нема да има толеранција за нелегални објекти во општина Центар.

Општина Центар повторно апелира до сите инвеститори и сопственици на објекти и доградби да ја поседуваат целосната документација и да ја имаат намирено комуналната такса. Во спротивно Општината ќе ги санкционира, а доколку е потребно, и ќе ги отстрани нелегалните доградби, со што трошокот за отстранување ќе падне на товар на сопствениците на објектите.

Спонзорирано: