Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Не се крати ништо од досегашното право на породилно за жените, туку се додава и таткото да учествува во грижата

„Дефинитивно не се кратат деветте месеци породилно отсуство. Не се крати ништо од досегашнот оправо кое што го имала жената, туку се додава дополнително и таткото да може да учествува во грижата, односно во растот на своето дете“ кажа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека потребно е усогласување на нашето законодавство со стандардите и директивите на ЕУ, а токму директивата за хармонизација на семејниот и професионалниот живот е дел од новиот Закон за работни односи која дава можност подеднакво и на мајката и на таткото да учествуваат во грижата за своите деца.

„Досегашното породилно отсуство, терминот породилно отсуство се заменува со три нови институти – мајчиснство, татковство и родителство. Што е разликата? Дава право на мајката на мајчинство и родителство и на таткото на татковство и родителство. Мајката има право на пет месеци на мајчинство и четири месеци родителско отуство. Значи досегашното право на породилно отсуство од девет месеци останува“ рече Тренчевска.

Министерката искна дека со новито закон на таткото му се дава 15 дена татковско отсуство и право од четири месеци користење на родителско отуство.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК