Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следува невреме со поројни дождови и грмежи: Температурите ќе достигнат и до 18 степени, а потоа зимата ќе ги покаже забите со драматичен пресврт

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на места ќе бидат обилни и до петок се очекува да наврнат над 50 л/м2. Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места.

Прогноза за 18.01.2023
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои претпладне во северозападните делови ќе бидат пообилни. Снег ќе има само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 19.01.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Претежно облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 20.01.2023
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Облачно со врнежи од дожд, кои во текот на денот во западните делови освен на планините ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне во горниот дел на Повардарието ќе се промени во северен и ќе засилува.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК