14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МОН: Училиштата да користат субвенционирана електрична енергија

Министерството за образование и наука апелира до раководствата на образовните установи и до општините како нивни основачи да ја искористат поволноста за снабдување со субвенционирана електрична енергија.

„Со тоа училиштата ќе ги намалат трошоците за електрична енергија и ќе се овозможи непречено одржување настава со физичко присуство до крајот на учебната година. Одговорноста на секој фактор во реализацијата на воспитно-образовниот процес придонесува за повисок квалитет на образованието.

Од таму додаваат дека зимскиот распуст е продолжен до 23 јануари поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електричната енергија за греење.

Со одлука на Владата, на предлог на Министерството, второто полугодие од учебната 2022/2023 година, наместо на 18 јануари, почнува на 23 јануари (понеделник), со физичко присуство за сите ученици. Зимскиот распуст е продолжен поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење.