11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Два нови земјотреса во Албанија, почувствувани во неколку градови

Во Албанија регистрирани се два нови земјотреса, чиј епицентар бил во Бурељ, а биле почувствувани во повеќе градови во Албанија.

Според прелиминарните податоци, првиот земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 10.05 часот на длабочина од два километра, пренесува „Коха“. Епицентарот бил на 11 километри од Бурељ.

Три минути подоцна, земјотрес со јачина од 2,6 степена е регистриран во Бурељ, на истата длабочина, а епицентарот бил на истото место.

Албанија синоќа беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Спонзорирано: