14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Затвореник од Идризово телефонски мамел граѓани за пари

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против Б.У.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.

Првопријавениот Б.А., кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во текот на 2022 година во повеќе наврати измамил повеќе лица од различни градови од државата. Тој им се јавувал телефонски и лажно претставувајќи им се ги доведувал во заблуда и им нудел различни услуги. Додека, второпријавениот Б.У. со уште едно лице го организирале преземањето на парите. Откако ги земале парите го прекинувале контактот со лицата.

Спонзорирано: