7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите ја објавија прогнозата за празничниот викенд – Какво време да очекуваме?

Следува период на променливо облачно време, до понеделник повремено со услови за појава на утринска магла по котлините. Утре ќе има слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег.

Во недела ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер, температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Прогноза за 15.01.2023
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 16.01.2023
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Наутро студено со појава на магла по котлините. Преку денот ќе биде променливо облачно, а доцна попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 17.01.2023
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Спонзорирано: