Centar.mk
ЗДРАВЈЕ

Совет кој ќе ви се најде: Домашен мелем за мазна кожа на рацете

Доколку имате сува и испукана кожа на рацете, задолжително направете го овој домашен мелем.

Растворете 2 лажици сол во 1 литар топла вода. Држете ги рацете во овој раствор десет минути. Не ги бришете рацете, туку нежно впијте ја влагата со крпа. Потоа нанесете мелем на рацете.

Рецепт

За да го подготвите овој мелем, измешајте ги следниве состојки:

– 2 свежи жолчки

– 2 лажици мед

– 2 лажици масло (маслиново, бадемово, ленено семе)

Држете ги рацете вака намачкани околу дваесет минути. После тоа, исплакнете со вода и нанесете крема.

Мелемот можете да го користите 2-3 пати на ден. Рок на употреба е 5 дена (во фрижидер). Потоа можете да направите нова смеса.

Резултатите ќе бидат видливи по неколку дена. Пукнатините исчезнуваат, а кожата на рацете станува мека, мазна и еластична.

Можеби ќе ве интересира

НОЌЕ ВИ ТРПНАТ РАЦЕТЕ И СЕ БУДИТЕ СО ВКОЧАНЕТИ ПРСТИ – Кога причината е положбата на спиење, а кога телото предупредува на здравствен проблем?

ДЕСК

Гастроентеролог идентификува три вида леб што можат да ја намалат надуеноста

ДЕСК

Физичката состојба на адолесцентите и децата во Европа на најниско ниво во последните 60 години

ДЕСК