13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Османи: Мора да дејствуваме овде и сега за доброто на луѓето

ОБСЕ се наоѓа пред исклучителен предизвик за враќање на функционалноста на самата организација, дополнителна сложеност е активната воена агресија на една земја членка врз друга земја членка, како и сложени меѓународни односи. Северна Македонија има тешка и амбициозна мисија како претседавач со Организацијата во 2023 година. Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Виена, ги афирмираше клучните заложби за приоритетите врз кои ќе се фокусира претседателството на Северна Македонија во 2023 година.

„Најголемиот предизвик во имплементацијата на нашата агенда ќе биде во контекст на тешките околности, но единството околу принципите и заложбите на ОБСЕ се изворот на надеж и охрабрување. Руската воена агресија врз Украина, која ги урива самите основи и заложби на Организацијата, го зајакнува ова единство. Денес, се чини дека нашите вредности се поважни од кога било. Актуелните предизвици не се причина за дефетизам, туку поттик за засилување на нашите напори и ангажман“, истакна Османи.

Главен приоритет на ОБСЕ под претседателство на нашата земја, останува Украина, како и другите долготрајни конфликти во регионот на ОБСЕ, кои се извор на тензии и човечки страдања. Османи рече дека ОБСЕ останува релевантен, бидејќи има механизми кои нудат конкретна поддршка за луѓето од сите земји учеснички.

„Како секогаш, ОБСЕ останува релевантна бидејќи располага со единствени алатки и механизми за поддршка, кои им се достапни за сите земји учеснички. Во минатото многу пати сме биле сведоци на нејзиниот потенцијал. Сега е многу важно Организацијата да го достигне својот целосен потенцијал. ОБСЕ во минатото докажа дека може да ги намали тензиите, да ја зајакне довербата и да обезбеди предвидливост. Ова е од витално значење во денешно време. Мора да дејствуваме овде и сега. За доброто на луѓето“, рече претседавачот Османи.

Спонзорирано: