Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Ковачевски да соопшти какви задачи ќе добие од Ахмети, дали се договорени бизниси или нови предавства?

„Димитар Ковачевски денеска мора да каже што е договорено во Тирана, каде што повторно е договарано и се договарани зафати и политики за Македонија? Никој не верува дека партии од коалицијата со Ковачевски отпатуваа во Тирана само на новогодишен ручек, како што велеа“, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ковачевски денеска мора да каже какви задачи му се испорачани од Али Ахмети? Дали Ковачевски сè ќе му испорача на Ахмети од договореното во Тирана, дали се тоа бизниси или нови предавства, само и само за да продолжат коалицијата на криминалот и корупцијата? Дали се тоа лиценци за нови фирми за трговија со струја, дали се тоа прифаќања на дополнителни условувања со бришења во Уставот? Ковачевски мора денеска да излезе во јавноста со одговори“, рече Стоилковски.

Тој смета дека „молкот од Ковачевски, Зечевиќ и од СДС за средбата во Тирана е само дополнителна потврда дека оваа средба е по барање на Ковачевски за спас на неговата кариера, помош за продолжување на мандатот, а за возврат да се реализираат други агенди на штета на Македонија“.

„Димитар Ковачевски е слуга на интересите на Али Ахмети. Кариерата на Ковачевски се состои во исполнување на желбите и барањата на Ахмети. Ахмети со ова му фрли гума за спасување на политичката кариера на Ковачевски!“, рече Стоилковски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК