26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Мој ДДВ како успешен модел за намалување на сивата економија и повисока наплата на данок – Граѓаните од оваа година ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200

Преку мерката “Мој ДДВ” која беше промовирана пред неколку години досега се вратени повеќе од 4,2 милијарди денари, односно 68,3 милиони евра.

Од мерката Мој ДДВ задоволна е и државата и граѓаните. Задоволството е обострано со оглед дека има подобра наплата на данокот, бидејќи граѓаните се почесто бараат фискални сметки кои може да се скенираат преку мобилната апликација, а пота доибиваат поврат од 10% на данокот платен за странски производи и 20% за данокот платен за домашни производи.

Мерката Мој ДДВ има сериозно директно влијание врз подобрување на семејните буџети, зголемување на бројот на издадени сметки, наламување на сивата економија и нелојалната конкуренција.

Според последните статистики објавени од државните власти, апликацијата стартувала со 212.776 корисници, а денеска брои близу 460.000, како и дека гледано по региони најмногу скенирани фискални сметки има во Скопје и тоа 259 милиони.

Податоците велат дека најмногу се скенирало сметки од бензиските пумпи, мали и големи маркети, аптеки, продавници за облека и бела техника, а најголем број од корисниците се жени.

– Жените повеќе ја користат Мој ДДВ апликацијата. До крајот на мај годинава имало 245.924 корисници жени, додека 212 598 се машки. Задоволство е што граѓаните ја прифатија апликацијата од сите возрасти од 15 до 98 години”, истакна во една прилика минатата година директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Во собранието ќе се одлучува да се зголеми повраток на данокот од 7.200 на 8.400 денари годишно по лице

Во собранието е поднесен предлог измена на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари.

Ова значи дека еден граѓанин ќе може да добие поврат од 8.400 денари годишно наместо досегашните 7.200, додека четиричлено семејство ќе може да повлече една просечна плата плус односно 33.200 денари.

Ова според очекувањата на државните власти ќе претставува стимул и кај граѓаните и кај компаниите, едните да бараат, а другите да издаваат фискални сметки.

Законот се очекува да биде изменет деновиве.