26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Прв пат во историјата на нашите европски интеграции блокадата ја држат наши политички фактори

„Прв пат во историајта на македонските европски интеграции, блокадата за преговорите ја држат наши политички фактори. Доколку не ја завршиме задачата за уставни измени оваа година, може за две години да го решиме тоа, но да нема никакво значење, бидејќи тогаш Бугарија ќе е во посилна позиција“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека доколку уставните измени се завршат оваа година, земјата ќе биде на сигурна лента, што ни го прави членството до крајот на оваа декада цел и потоа може да се размислува за избори каде што партиите ќе се расправаат за сите теми.

„Убеден сум дека е потребно прво да се направат уставните зимени, а потоа да одиме на избори. Во спротивно едиснтвена тема на изборите ќе биде токму тоа, ставот кон Бугарија и уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ ќе презентира нереална и бајковита слика дека тие ќе издејствувале подобар Договор со Бугарија, иако преговараа и не успеаја да изнајдат подобар договор“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека искуството со Грција е доказ дека чекањето подобар договор ни носи полоша позиција, а невозможно е да се добие друга преговарачка рамка, различна од оваа што сега ја има државата.

„Тоа може само да ни ги суспендира преговорите на подолг рок и сите досегашни напори да ни бидат џабе. Не може да се надеваме на тоа. Влегувањето во тој филм можеби звучи убаво, но не е реално“ рече Маричиќ.