25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Холштајн: Уставните промени не се болни за Македонија

Германската амбасадорка Анке Холштајн деновиве си заминува од Македонија. Куферите ѝ се спакувани, а во ова последно интервју ги пренесе своите очекувања за нашата држава и препораките, бидејќи според неа Германија е ценет партнер во земјата и тоа што ќе каже, наидува на слух и има тежина.

Според Холштајн, кога дошла можела да се обложи дека за време на германското претседавање со ЕУ ќе почнат преговорите со Македонија, но тоа не се случи. Сега, вели таа во интервју за „Независен“, не постои алтернатива за уставната промена што би требало да се случи годинава, за која смета дека содржински на ниту еден начин не е болна за Македонија. Но, додава таа, целиот процес е болен бидејќи еднаш ни беше ветено за Преспанскиот договор дека ако направиме уставна измена тоа ќе биде доволно за да се отвори патот не само кон НАТО, туку и кон ЕУ.

„И сега уште еднаш да мора да се промени Уставот, и тоа боли и делува нефер, но верувам дека на крајот тоа е чекор кој едноставно мора да се направи. Сите на кои им е важна европската иднина на земјата би требало да соработуваат натпартиски: Иднината на земјата мора да е над интересите на поединечните партии“, порачува Холштајн.

целиот текст прочитајте го на Независен.мк