12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Оваа година нов раст на минималната плата и повисоки пензии

„СДСМ и во новата 2023 година продолжува со успешните економски мерки и политики, со постојана грижа за македонската економија и македонските граѓани. Веќе во март следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери“, соопштија од владејачкиот СДСМ.

Од таму посочуваат дека „создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто, со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари, што ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори“.

„Во буџетот за 2023 година предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции, со што ќе се поттикне економскиот раст, кој, според процените на ЕБОР, оваа година ќе биде околу 2,3 отсто. Активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции, кои отвораат нови добро платени работни места, со што се намалува стапката на невработеност. Во новата 2023 година продолжува и поддршката за граѓаните за справување со последиците од кризата за што во буџетот предвидени се 250 милиони евра за нови антикризни мерки“, велат од партијата.

Спонзорирано: