23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Година на нови надежи, повисоки плати и пензии

По кризнизните 2020,2021 и 2022 години кои нашите генерации ги научи на многу нови нешта кои можеби и беа незамисливи до пред коронавирусот, енергетската криза и војната во Украина, 2023 година е година на надежот и стабилизацијата за Македонија и Светот.

Дека надеж за подобри времиња има покажуваат и последните движења на светските берзи на цените на гасот, нафтата, струјата…

Македонската држава годинава, како и лани, по децении замрзнати плати и пензии повторно најавува зголемување на минималната плата која ќе достигне над 20.000 денари, што е повеќе од двојно во однос на 2016-та година.

Зголемувањето на минималната плата ќе повлече и зголемување на сите други плати.

Просечната плата според државниот завод за статистика покажува раст на просечната нето плата од 13,6 проценти за октомври 2022 година во однос на истиот период во 2021. Исплатената просечна нето плата е 33.104 денари. Прагот од 500 евра ветена просечна плата кој беше ветен од актуелната власт на изборите во 2016-та година одамна е преминат.

Растат и пензиите. Веќе во март следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери.

Дополнително зимава поради кризата стотици илјади пензионери и социјално загрозени семејства добиваат и до 3.000 денари месечна помош со цел полесно да се изборат со економската криза.

Државата од оваа година го зголеми прагот на повратот на Мој ДДВ кој сега изнесува 2100 денари наместо досегашните 30 евра, што значи дека доколку едно четиричлено семејство скенира сметки, на годишно ниво може да добие поврат на данок 33.200 денари, што е сума колку една просечна плата.

Мерката Мој ДДВ дополнително ги стимулира граѓаните да бараат фискални сметки од компаниите кои пак мора да ги издаваат, а со тоа се намалува сивата економија и се зголемува приливот на данок во буџетот.