7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

(ФОТО) Оваа алфа заработи блокатор – санкционирани уште 184 возила за една недела поради непрописно паркирање во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 185 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 26.12. до 01.01.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 93 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 92 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Спонзорирано: