Centar.mk
ИЗБОРМОЗАИКТЕМА

Објавен ценовникот на сплавот што потона: Вртоглави цени, накиснати гости од надојдената вода за сепаре со шише жестоко и дон перињон платиле и 2.400 евра (ФОТО)

Откако на новогодишната ноќ потона сплавот „Фристајлер“ во Белград, поради големо преоптоварување, гостите истакнаа дека не им било осигурана безбедноста на објектот, а платиле многу пари.

Според огласот за дочекот на Новата 2023 година во овој клуб, цената на билетот за ноќта се движела од 27 до 40 евра и до неверојатни 1.000 евра , што била доплата за т.н. „Freestyler booth“ со 6 премиум шишиња по избор.

На социјалните мрежи се појави комплетен ценовник, а цените се вртоглави.

Влезот на забавата чини 20 евра , додека резервацијата на бар-маса за пет лица, која вклучува шише локален пијалок, беше 230 евра . Мал маса и премиум шише за 600 евра , ВИП сепаре за 12 лица и едно шише премиум пијалоци и две шишиња шампањ, беше 1100 евра . Потоа, сепаре Ultra VIP чинеше 1.600 евра за 15 лица, а мега ВИП штандот чинеше 2.400 евра, во цената беа вклучени две шишиња премиум пијалоци и две шишиња шампањ „Dom Perignon“.

Можеби ќе ве интересира

ХОРОСКОП ЗА 15 НОЕМВРИ – Еден знак ќе слушне зборови што долго ги чекал, друг ќе се соочи со важна одлука, а за некого љубовта подготвува изненадување

ДЕСК

ХОРОСКОП ЗА 14 НОЕМВРИ – Три знаци пред неочекуван пресврт, за едни пристигнува добра вест, за други љубовна дилема

ДЕСК

ПЕТОК 13-ТИ И СТАРАТА ПРОГНОЗА ЗА КРАЈОТ НА СВЕТОТ – Зошто математички модел го посочил токму денешниот датум?

ДЕСК