Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дина Дума – Најперспективна македонска режисерка на годината

Centar.mk, оваа година и’ оддава признание на Дина Дума за “Најперспективна македонска режисерка на годината”.

Дина Дума имаше огромен успех со филмот Сестри во 2021 – филмот беше прикачен и на мегапопуларната платформа Нетфликс.

Со Сестри таа доби награди и во 2022:

Режисерката Дина Дума освои награда за најдобра режија за дебитантскиот филм „Сестри” на 50-тиот филмски фестивал „Фест“, во Белград.

Дума вешто ги води младите актери во филмот кој успеа да прераскаже приказна за многу важна тема од нашето време и да отвори дијалог”, соопштија од меѓународнотo жири, во состав од Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ.

Филмот „Сестри” ја имаше својата светска премиера во август минатата година, на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде ја освои специјалната награда на жирито, во програмата „Источно од западот“.

Можеби ќе ве интересира

Скопје во црно: Во тешка несреќа загина 18 годишно момче

ДЕСК

Петрушевски со сериозни обвинувања: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Синоптичарите со повеќедневна прогноза за времето

ДЕСК