Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието, Џафери, и Дедо Мраз со пакетчиња за најмалите

Денес, претседателот Џафери и Собранието на Република Северна Македонија беа домаќини на најдрагите гости, на децата на пратениците и на собраниските вработени.

Го придружуваа и потпретседателот Горан Мисовски и генералната секретарка Цветанка Иванова, а Дедо Мраз, како што впрочем е редот, со својата појава и автентична смеа, а најмногу со новогодишните пакетчиња, го заслади настанот уште повеќе.

Со овој денешен настан се продолжува веќе воспоставената практика на дружење на пратениците, вработените и најмладите во Кристалната сала и посета на дечињата во работните простории на своите родители.

Ова е убава можност за создавање нови пријателства, запознавање со работата на законодавниот дом и креирање една поинаква димензија помеѓу вработените.

Претседателот Џафери ги поздрави присутните и им посака добро здравје, многу среќа и успех во Новата 2023 година.

Навистина беше прекрасно искуство слушањето на веселиот џагор и смеа на драгите мали гости. Се гледаме в година пак!

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +