23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Скопје загаденo, СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не презема ништо една година

Скопје вчера беше трет град во светот според ранг листата на загадени градови, a утрово е на деветтото место.

Во главниот град се измерени се измерени 170 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички.

Пред Скопје се Делхи и Колката во Индија, Акра во Гана, Лахоре и Карачи во Пакистан, како и Дубаи, Бишкек и Ченду. Според загаденоста Скопје предничи пред сите градови од регионот. На 12. место на листата е Приштина.

Во коментар за загаденоста, СДСМ преку соопштение посочи дека за само една година ВМРО-ДПМНЕ направи катастрофа во Град Скопје. Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба, а од неодамна Скопје повторно е еден од најзадените градови во светот.

„Една година ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за да го спречи загадувањето, иако во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој проблем.

Напротив, се што градската власт на ВМРО-ДПМНЕ прави во овие 14 месеци не е спречување туку поттикнување на загадувањето.

За оваа година, за три пати беа намалени средствата за животна средина во градскиот буџет, а сериозно намалени беа и средствата за субвенционирање на купување инвертори.

Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови.

Центарот на Скопје но и многу урбани населби се преплавени со смет и ѓубре.

Сето тоа е последица на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ каде ги интересираат рацете во медот, но не и интересите на граѓаните и Скопје.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалнци“, се додава во соопштението на СДСМ.