21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Чии раце брцнаа во аеродромскиот новогодишен мед од 33 илјади евра? – праша Ристески

Обраќање на Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ во општина Аеродром:

Чии раце брцнаа во аеродромскиот новогодишен мед од 33 илјади евра?

Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 2 милиони денари пари на граѓаните на Аеродром за културни манифестации во крајно сомнителни околности. Останавме куси за одговорите на неколку прашања:

1️⃣ Зошто 1,2 милиони денари се доделија на здружение кое до пред само 2 недели било регистрирано со дејност „поддршка и развој на спортот“? Замислете, на спортско здружение му се даваат 20 илјади евра, да организира 2 големи музички фестивали (Винодром и Базарфест) за само 2 дена. Има ли појако?

2️⃣ Зошто музичкиот фестивал Дромфест, за кој се потрошија 800 илјади денари, беше организиран од Здружение за ракотворби Домаќинки на Македонија? Замислете ги домаќинкиве како организираат фестивал на кој настапуваат Ласт експедишн и Коноп. Или дека ракотворби, па треба коноп? Додуша конопов во случајов за друга намена ќе да е предвиден. 😆

3️⃣ Зошто документацијата за апликациите на јавниот оглас не беше дадена на увид на Советот? Дали се плашеа дека ќе откриеме дека Крафт продукција и Идеа Лаб стојат позади здруженијата на домаќинките и спортистите кои се јавуваат во улога на организатори? Или дека истите го организираа Пиволенд за Данела Арсовска и Коце Трајановски?

4️⃣ Каква е улогата на Дарко Масларковски – Пука Козметика и Левица во организацијата на музичкиот дел на Дромфест?
❗️Следен пат кога ќе ви се пофалат дека штедат, потсетете ги како потрошија 33 илјади евра неделава. И нека не ви се прават многу Васка Илиева.

Спонзорирано: