Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за прв мерен период за учебната година 2022/2023 година

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2022/2023 година.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:
• за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
• за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
• за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
• за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

Грижата за сите граѓани е наш приоритет!

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +