21. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМААВТО ЦЕНТАРИЗБОР

Германски експерти: Еве колку време е потребно за полнење на празен акумулатор додека возите

Откако наутро ќе добиете непријатно изненадување и не можете да го запалите автомобилот поради испразнет акумулатор, време е некој да ви помогне со кабли или да повикате мајстор. Но, клучното прашање е колку далеку треба да возите за да ја наполните батеријата доволно за следниот почеток?

Германскиот автомобилски клуб (ADAC) препорачува подолго време на возење или подолги растојанија со едно движење. Всушност, тешко е да се даде точен број на километри и минути, бидејќи вредноста зависи од многу фактори како староста на батеријата, перформансите на алтернаторот и надворешната температура. Постои правило: половина час возење, а најмногу цел час во лоши услови, треба да биде доволно за батеријата да биде доволно наполнета. Не исклучувајте го моторот во овој период. Возете со нормална брзина и не треба да ги зголемувате вртежите.