Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови детали за трагедијата: Загина девојче (11), мајката се бори за живот – автомобил ги покосил на пешачки

Синоќа околу 22.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото, дознава Centar.mk.

Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Додека, со телесни повреди се здобила Е.И., констатирани во болницата во Велес, дознава Centar.mk.

Според информациите увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес. По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +