Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Спасовски: СДСМ е предводникот на европската идеја и прогресот на нашата држава од осамостојувањето до денеска.

Се огласи Оливер Спасовски од СДСМ:

🚩СДСМ е предводникот на европската идеја и прогресот на нашата држава од осамостојувањето до денеска. Со низа државнички одлуки сиве овие 31 година, ние ги исолнивме македонските национални стратешки цели.

Ја внесовме државата во НАТО, станавме сојузници со најмоќните. Ги отворивме преговорите со ЕУ да станеме дел од европското семејство. И тоа како Македонци, со заштитен македонски јазик и македонски идентитет!

Со многу работа ја позициониравме Република Северна Македонија како најбезбедна држава на Западен Балкан, според Глобалниот индекс на мир.

Изградивме Едно општество за сите, покажавме грижа за секој еден.
Така и продолжуваме со нашиот победнички концепт, за економски силна и стабилна држава. Тоа е концептот за европска Македонија.

Нема веќе неизвесност, одиме напред силно и одлучно – кон европска иднина!🇲🇰🇪🇺

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +