Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

83 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Штип

На 17.12.2022 во времето од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Штип e спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 83 прекршоци, од кои 42 надвор од населено место и 41 во населено место. Од нив 22 во Штип, 24 во Свети Николе, 10 во Кочани, 10 Делчево, 8 Берово, 5 Виница и 4 Пробиштип.

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбдноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +