Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска Стојчевска: СДСМ води одговорни политики во време криза, финансиска помош за 200.000 граѓани

Потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во општина Петровец порача СДСМ секогаш го слуша гласот на граѓаните и ги следи нивните потреби.

Во време на најголемата криза светска и енергетска криза СДСМ и премиерот Ковачевски имаат решенија за предизвиците и успешно ја менаџираат кризата, заштитувајќи го стандардот на граѓаните, а истовремено се реализираат стратешките цели на државата, денеска Република Северна Македонија е членка на НАТО и преговара со Европската унија, истакна Костадиновска Стојчевска.

Потпретседателката Костадиновска Стојчевска посочи дека во време на криза со мерките на СДСМ се субвенционира струјата за домаќинствата за дури 80 проценти како и за 72.000 компании што вработуваат најголем дел од вработените во државата.

Во тек е реализација на антикризни мерки за финансиска помош за околу 200.000 граѓани од ранливите категории, претходно ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, што е двојно повеќе за само пет години. Пензиите растат и веќе во март ќе се покачат за околу шест отсто. Очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи. Тоа нашите граѓани го заслужуваат и тоа е одговорна политика во време на криза, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека во време на криза никој не е оставен сам.

Потпретседателката Костадиновска Стојчевска истакна дека додека СДСМ ги помага граѓаните и гледа кон иднината ВМРО-ДПМНЕ гледа назад продолжува со своите блокади и деструкции.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат проекти, се фалат со оние што им ги оставија нашите градоначалници. Не е ништо сменето и не знаат да понудат ништо подобро од она што го покажаа во 12 години владеење. Нивната неспособност особено доаѓа до израз во Град Скопје, каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот, директори и членови на Управните и Надзорните одбори на јавните претпријатија и сите тие заедно со шпицниот градоначалник Мицкоски предизвикаа хаос и катастрофа во главниот град, грижејќи се за тендери и за провизи, наместо за граѓаните, рече Костадиновска Стојчевска.

Потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во општина Петровец ги повика граѓаните на обединување за визијата на СДСМ за силна и просперитетна држава, членка на ЕУ, каде сегашните и идни генерации ќе живеат подобро, каде младите гордо ќе ја градат својата иднина.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК