14.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Како да преживеете ден кога сте ненаспиени

Дали не спиевте доволно во текот на ноќта и се чувствувате исцрпени? Ова чувство може да биде многу непријатно следниот ден бидејќи сепак треба да го „почнете денот“.

Малку кофеин
Спиењето е поврзано со речиси секоја важна телесна функција – влијае на вашиот имунолошки систем и вашиот апетит, хормоните на стресот и метаболизмот, крвниот притисок и кардиоваскуларниот систем. Како да го преживеете денот кога сте ненаспани, еве неколку совети.

Изложете се на светлина – Експертите велат да се изложите на силна светлина наутро. Нашиот циклус сон-будење е многу зависен од светлината – дневната светлина испраќа сигнал до нашиот мозок дека е време да станеме и да бидеме активни, додека темнината испраќа сигнал дека е скоро време за спиење. Изложеноста на светлина кога првпат ќе се разбудите „го потиснува мелатонин, кој ја зголемува будноста и го подигнува расположението“, пишува Хаф пост..

Напијте се малку кофеин – Можеби ви изгледа очигледно, но да, кафето помага. Тоа е затоа што кофеинот го блокира аденозинот, хемикалија во нашето тело која ја зголемува потребата за сон. Како резултат на тоа, кофеинот прави да се чувствуваме помалку поспани и го подобрува учењето и донесувањето одлуки ако сте лишени од сон – вели д-р Андреј Зинчук (Андреј), доктор по медицина на спиење на Универзитетот Јеил за Хаф пост.

Краток одмор
Одморете се – Кратката дремка може да ја подобри будноста, поспаноста, меморијата и способноста за вежбање. Од друга страна, подолгите пладневни дремки всушност може да ги нарушат когнитивните функции и потенцијално да го отежнат извршувањето на задачите.