Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Доаѓа студ и драстична промена на времето – Метеоцентар со четиридневна прогноза

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен јужен ветер што ќе придонесе за пораст на температурите. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, а од недела следува период на стабилно време со умерен до засилен северен ветер и опаѓање на температурите.

Прогноза за 17.12.2022
Минимална температура: 6°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен.

Прогноза за 18.12.2022
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 19.12.2022
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 11°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +