Новата серија „Пад“, инспирирана од автобиографскиот бестселер на познатиот актер Жарко Лаушевиќ, „Годината минува, денот никогаш“, ќе има своја регионална премиера на 15 декември ексклузивно на МТЕЛ мобилната апликација mPLAY TV.
Премиерата на „Пад“ на филмскиот канал Суперстар со голема нетрпеливост се очекува низ целиот регион, но корисниците на МТЕЛ во Македонија преку апликација mPLAY TV ќе имаат можност да ја погледнат еден месец пред останата публика.
Серијата, која што има осум епизоди, го опишува трагичниот настан од август 1993 година во кој што учествувал познатиот актер.
Структурата на серијата е комплексна, од една страна ги следи затворските денови и судската постапка врзани за случајот, додека од друга страна низ сеќавања и асоцијативна реминисенција, ги дознаваме најважните моменти од приватниот живот на главниот јунак во „Пад“, Иван Маслац кој го толкува еден од најпопуларните актери на Балканот во моментов, Милан Мариќ (Тома, Државен службеник, Беса).
„Приказната во серија е исклучително комплексна и широка. Во неа се преплетуваат минатото и сегашноста, разни односи, семејни, но и она што се случува и во него самиот. И поради тоа беше вистински предизвик“, вели Мариќ говорејќи за искуството да го толкува главниот лик во новата серија која што несомнено ќе го привлече вниманието на регионалната публика.
Инаку, Лаушевиќ е легендарен актер познат во целиот регион. Пред инцидентот во Подгорица во 1993 година и осудата за двојно убиство уживаше широка популарност во целиот регион и оствари низа улоги во култни филмови и телевизиски серии како „Сиви дом“, „Шмекер“, „Кажи зошто ме остави“. Во неговиот автобиографски бестселер „Годината минува, денот никогаш“ говори токму за времето поминато во затвор издржувајќи ја казната за двојното убиство. Во 2011 година беше помилуван од тогашниот српски претседател, Борис Тадиќ.
Корисниците на МТЕЛ во наредниот период може да очекуваат нови изненадувања и нови премиери на хит серии преку мобилната апликација mPLAY TV.