Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

Која е Ивана? – Јаде и пие по кафани во името на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров

Извесна Ивана се јавувала и нарачувала од ресторани претставувајќи се дека е човек на градоначалникот Александар Стојкоски или на Општината

Општина Ѓорче Петров преку соопштение објави дека извесно женско лице лажно се претставува и по ресторани и кафеани прави нарачки во име на Општината и на градоначалникот Александар Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров преку соопштение објави дека извесно женско лице лажно се претставува и по ресторани и кафеани прави нарачки во име на Општината и на градоначалникот Александар Стојкоски.

„Ве информираме дека извесна Ивана во име на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавува и појавува во угостителски објекти при што нарачува храна и пијалаци, наводно за општината и градоначалникот. Лицето по извршената нарачка бара фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Општина Ѓорче Петров. За фирмите доставува потребни податоци за изготвување фактура“,велат од Општината.

Оттаму додаваат дека презеле мерки за да приберат докази и да го пријават случајот до надлежните органи и апелираат до угостителските објекти да не подлегнуваат на оваа измама.

Најостро го осудуваме овој чин на измама и истовремено информираме дека Општина Ѓорче Петров нема склучено договор за угостителски услуги и не врши набавка на угостителски услуги“,велат од Општината.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК