Centar.mk
БИЗНИС

Маск веќе не е најбогат човек на светот

Од оваа недела Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот. Тој статус сега му припаѓа на Французинот Бернар Арно (73), претседател и извршен директор на компанијата LVMH, според „Форбс“ и „Блумберг њуз“.

Ова е првпат сопственикот на Tesla и SpaceX да падне од врвот на рангирањето откако го престигна основачот на Amazon, Џеф Безос, како најбогат човек во септември 2021 година.

Богатството на 51-годишниот Маск во голема мера е поврзано со цената на акцијата на Tesla, која изгуби повеќе од половина од својата вредност од јануари, а падот се зголеми само по купувањето на Twitter од 44 милијарди долари од Маск.

Нето-вредноста на Арно сега изнесува 190,1 милијарди долари, а нето-вредноста на Маск е 181,3 милијарда долари, според „Форбс“.

И покрај загубите, Маск е многу пред третопласираниот индиски милијардер Гаутам Адани, кој има вредност од 135 милијарди долари, и основачот на Amazon, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 113,1 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА, СЕ ГОТВАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Ќе има ли корекција на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

Барел нафта повторно премина 112 долари

ДЕСК

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК