Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Битолчанец измамил три лица, ветувал вработувања и барал пари

Триесет и тригодишник од Свети Николе, со живеалиште во Битола, 46-годишник од демирхисарско село и 48-годишник од битолско село пријавиле дека биле измамени од лицето В.М. од с.Горно Оризари, битолско.

„Според пријавеното, во јуни, јули и септември 2021 тие стапиле во контакт со лицето, при што тој им ветил дека ќе посредува за вработување на членови од нивните семејства во Битола. Како што е пријавено, за услугата тој им побарал паричен надомест, по што му дале пари, но не го реализирал ветеното и до денот на пријавувањето не им ги вратил парите“. соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +