Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каевски: Во секоја општина каде што владее ВМРО-ДПМНЕ се случува хаос и нефункционалност

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

Хаосот што ВМРО-ДПМНЕ го прави во Скопје е само пример како оваа партија раководи со општините каде ја има локалната власт.

Речиси и да нема општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ каде нема хаос и нефункционалност, каде нема партизација, расипничко трошење на парите и зголемување на општинските услуги.

Општина Штип, градоначалникот Иван Јорданов и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемија цените на данокот на промет, а претходно значително ја поскапеа цената за такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.

За секретарката на општина Штип и блиска соработничка на градоначалникот постојат сериозни обвинувања дека гради дивоградба.

Масовна партизација се случува во општина Охрид, каде во општината и јавните претпријатија се вработени над 50 партиски војници, а цените на комуналните услуги се поскапени.

Поскапи комунални услуги и паркинг плаќаат и граѓаните на општина Прилеп, додека локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ нема реализирано ниту еден важен проект во изминатата година.

Во Битола општински пари се доделуваат на портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ и неговата сопруга, а службените возила на јавните претпријатија се злоупотребуваат за лични патувања и потреби.

Во општина Велес исто така има поскапување на комуналните услуги и масовна партизација на јавните претпријатија, а идентично е и во Виница, Радовиш и неколку други помали општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Образецот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е идентичен секаде, не се работи, нема нови проекти, но затоа има поскапи услуги за граѓаните и партизација на општинската администрација и јавните претпријатија.

Една година локална власт е една година уназадување на Град Скопје и други 40ина општини.

ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски работат за лични и бизнис интереси, секогаш на штета на интересите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК