25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Рускиот наследник на „Мекдоналдс“ го замени Биг мек со Биг хит

Руските љубители на популарниот Биг мек, кои останаа без вкусниот хамбургер откако американскиот синџир за брза храна McDonald’s Corp ги затвори своите филијали во Русија минатиот март, од следната година ќе можат да уживаат во алтернативен хамбургер наречен – Биг Хит.

„Вкусно и точка“, руски синџир ресторани за брза храна, во понеделникот објавија дека Биг Хит ќе биде достапен на менито од февруари, а се враќа и производ сличен на Мекдоналдс Среќен оброк (McDonald’s Happy Meal) наречен Детски комбо.

„Мекдоналдс“ ги затвори своите руски ресторани веднаш откако Москва започна воена офанзива врз Украина во февруари. Рестораните беа продадени на локалниот носител на лиценцата, Александар Говор, кој го претстави новиот бренд во јуни.

Извршниот директор Олег Пароев рече дека компанијата „Вкусно и точка“ сега успешно ги надминала сите проблеми со синџирот на снабдување со кои се соочувала на почетокот и го зголемува својот удел на пазарот во кој традиционално доминираат странски синџири.