„Пред неколку години се запознав со Џабир и работата на ЦИВИЛ/ЦИВИЛ Медиа. Заклучивме дека проблемите со пропагандата, но и демократијата во Северна Македонија ги имаат и земјите од источното партнерство во проектот Медиумски дијалог. Тоа беше основата за започнување на проект со поддршка на Владата на Северна Рајна-Вестфалија“, изјави Д-р Волфганг Ресман, прв човек на меѓународниот проект Медиумски дијалог за Цивил Медиа, по повод меѓународниот семинар „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во организација на ЦИВИЛ во партнерство со Youth4Media (Y4M).
„Слоганот Don’t feed the flames tell the truth“ значи борба против пропагандата во форма и насочено кон кажување на вистината, која и да е, но со двојна проверка на фактите, што треба да ги спои студентите и професионалните новинари, да придонесе во едукација на универзитетите и да ги спои уметниците, затоа што тие се навистина важни за пренесување на пораката и ставовите. Оваа мрежа е меѓународна од Украина, Белорусија, Арменија, Грузија, како и Молдавија. Сега ја имаме и Северна Македонија и мислам дека оваа комбинација е одлична да ги споделиме нашите искуства и да покажеме дека, како и во Германија, така и овде луѓето се борат за демократија и се поддржани од млади луѓе, медиумски организации и дека навистина работиме вмрежено“, вели д-р Ресман за зборувајќи за проектот Медиумски дијалог.
Д-р. Ресман се осврна и на руската пропаганда во Германија, зборувајќи за нејзиното видливо присуство, како и за политичкото присуство на десно ориентираниот популизам и екстремизам кои се поврзани со руската пропаганда.
„Имаме влијание од руска пропаганда, паралелно со серија на заговори, заедно со анти-корона демонстрантите… Руската пропаганда е присутна во Германија преку десно ориентирана сцена, како и анти-корона движењето, за време на нивниот протест отидоа пред руската амбасада и извикуваа: Путин помогни. Иако војната во Украина предизвика десно ориентираните страни да бидат внимателни, сепак тие врски уште постојат“, вели д-р Ресман.
Ресман нагласи дека постои проблем и со руските хакери кои ги напаѓаат парламентот, инфраструктурата.. постои прикриена војна во Германија од руските екстремисти.
„Треба да ја искористиме другата страна, тоа значи, борба за демократија, демократски вредности, да се бориме за вистината“, заклучува д-р Ресман, додавајќи дека на демократијата и е потребна самодоверба, да не се остане слеп, туку да се биде самокритичен.
Биљана Јордановска
камера и монтажа: Самуел Дебус/OK-TV Ludwigshafen
Интервјуто е дел од проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ кој ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Youth4Media (Y4M), со поддршка од Владата на Северна Рајна-Вестфалија, Дизелдорф, Германија.
извор: Civilmedia.mk