17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Соколова, Институт за новинарство, Кијив, Украина: Нема руски новинар на кој можам да му верувам

Катерина Соколова од Институтот за новинарство во Кијив, Украина беше една од учесничките на на првата Меѓународна недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата организирана од Цивил и Youth4Media (Y4M).

-Првпат сум во Скопје, а ги посетив и Гостивар и Тетово. Луѓето се пријатни, а земјата може многу да се развива, во однос на туризмот и економијата, ги сподели таа впечатоците за ЦИВИЛ медиа.

По неколкуте дена поминати во земјава, таа вели дека пропагандата е прилично присутна во Северна Македонија и дека треба да се изнајде начин пред се медиумите да споделуваат проверени и точни информации бидејќи граѓаните ја заслужуваат вистината.

-Во Донбас имаше добро организирана кампања уште пред да почне војната, каде на населението му беше постојано повторувано дека тие се Руси и дека треба да се приклучат кон Руската Федерација. Во привремено окупираниот Донбас, луѓето беа подложени на жестоко перење на мозокот. Тие беа подложени на тоа перење на мозокот осум години. Во основа, Русија создаде тоталитарен култ, појаснува Соколова која ја раскажува состојбата во Украина.

Според Соколова преку овој семинар учесниците дознаваат за методите и техниките кои се користат за ширење на дезинформациите и пропагандата и дека ова е еден од начините за борба против истите, со отворени разговори и дискусии, за да можат граѓаните да ги разберат овие состојби.

-Улогата на новинарите е многу важна во пренесување и споделување на точни информации, во Украина да речеме голем дел од нив известуваа и директно од воените зони, но имаме и колеги кои своето образование го завршија кај нас, а сега работат за руски медиуми и дури и шират дезинформации, раскажува Соколова.

Соколова објасни и детали како функционираат руските новинари во спрега со пропагандата.

-Дмитри Киселјов работеше во Украина. Тој, во основа, го проучуваше општеството. И тогаш, кога почна војната во Донбас, тој почна со перењето на мозоците. Почна да кажува гнасни работи за Украинците, открива Соколова.

Таа ги наведе и тврдењата во руските медиуми, вклучително и на националните ТВ станици, дека украинска стара жена им платила на руските војници да ја силуваат. Таа дезинформација била емитувана и во окупираните подрачја во Украина.

-Затоа, немам контакти со руските новинари. Нема руски новинар на кој можам да му верувам, вели Соколова.

Соња Танеска

камера и монтажа: Самуел Дебус/OK-TV Ludwigshafen
извор: Civilmedia.mk

Спонзорирано: