Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Нови детали за ужасот кај Камени мост

Денеска, утрово, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за уште еден трагичен настан при што човек се обидел да си го одземе живот со скокање во реката Вардар од Камениот Мост во центарот на Скопје.

Конкретно, околу 08:30 часот преку единствениот број за повикување за итни случаи 112 во ЦУК, во соработка со дежурните колеги од Министерството за внатрешни работи (МВР), е добиена дојава дека непознато лице скокнало во коритото на реката Вардар од Камениот Мост во центарот на Скопје. ЦУК веднаш оствари комуникација и координација со МВР и Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје што истовремено реагира со оглед на фактот дека телото на лицето било брзо лоцирано.

Во моментот на интервенцијата за извлекување од речното корито на реката Вардар, телото на давеникот се наоѓало на локација спротивно од Министерството за надворешни работи (МНР), на десниот брег на реката.

Во 09:00 часот од страна на екипите на БППЗ на Град Скопје лицето е извлечено од реката и истото е предадено на Брзата помош. Според првите информации, давеникот давал одредени знаци на живот, а по дадената прва помош е пренесен во Клиничкиот центар.

Засега нема информации за состојбата на мажот.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Македонски државјанин на возраст од 20 години пронајден починат во Саранда

ДЕСК

Ужас во Македонија: Две жени полово злоставиле две дечиња од кои едното имало едвај 3 години, а другото 10 – мајката ги снимала и снимката ја пратила кај таткото

ДЕСК

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК