Centar.mk
КУЈНА

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек.

Состојки за четири лица:

  • 1 кг телешко месо
  • 200 гр црвен кромид
  • 4 vk растително масло
  • 1 vk слатка црвена пиперка
  • 750 мл говедска супа
  • 1/2 лимон
  • 125 гр кисела павлака
  • 1 vk брашно

Подготовка:

Телешкото месо исечкајте го на коцки по желба. Исчистете го кромидот и ситно исечкајте го. Во длабока тава загрејте го маслото, додадете го кромидот и кратко пропржете.

Додадете ја црвената пиперка, измешајте и веднаш покријте со малку ладна вода. Сега додадете го телешкото месо и динстајте додека не испари течноста што ја ослободува месото. Посипете со топла говедска супа, додадете го сокот и ренданата кора од 1/2 лимон и варете покриено на тивок оган околу час и половина.

Одвреме-навреме погледнете и по желба додајте уште малку топла вода. Пробајте дали месото е сварено, па продолжете да готвите и додајте вода додека да омекне, па посолете и побиберете по вкус.

Следен чекор: Извадете го месото во чинија, па во тенџерето додајте павлака и брашно и убаво измешајте го со жица за да нема грутчиња. Оставете да се вари 10-15 минути, вратете го месото и варете уште малку.

Послужете по желба и уживајте!

фото Pixabay

Можеби ќе ве интересира

Колку време варениот грав е безбеден за јадење?

ДЕСК

Сода бикарбона – едноставен сојузник за здрава градина и свежи плодови

ДЕСК

Дали сте шокирани од цената на црвеното месо? Овие три намирници се добри замени за протеини

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.