8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Сите ќе ги сакаат: Чизкејк топчиња од само три состојки

Овие топчиња може да ги направи секој. Многу лесно се прават и се готови за миг. Една од состојките се бисквитите Орео, кои на овие топчиња им даваат посебна арома.

Состојки:

  • 200 грама Орео бисквити
  • 100 грама полномасно крем сирење на собна температура
  • 250 грама млеко или темно чоколадо
  • Подготовка:

Бисквитите ставете ги во блендер и исечкајте ги, па додајте го крем сирењето и сè убаво измешајте. Потоа од смесата со раце направете мали топчиња и наредете ги на мрсна хартија. Топчињата ставете ги во фрижидер половина час.

На крај стопете го чоколадото во микробранова печка – повремено мешајте за да биде целосно мазно. Со вилушка секое топче натопете го во чоколадото, ставете ги на чинија и ставете ги во фрижидер 15 минути. На крајот можете да ги декорирате со бисквитни трошки.

Совет: Овие топчиња се одлични во комбинација со бело чоколадо.

Можеби ќе ве интересира

Дали сте шокирани од цената на црвеното месо? Овие три намирници се добри замени за протеини

ДЕСК

Колку време навистина може да ги чуваме јајцата во фрижидер?

ДЕСК

Од кујната на Давор: Како да подготвите посен колач со новиот оризов напиток од Виталиа?

C +