22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Најдобар рецепт за посен грав за Свети Никола: Јадење на домаќинките што мора да се најде на празничната трпеза

Посниот грав е незаменлив на секоја празнична трпеза, а наскоро се ближи и најголемата слава Свети Никола, па ви пренесуваме рецепт за највкусниот специјалитет. Ова е верзија на старомодна подготовка на грав за Свети Никола по рецепт на нашите баби.

Состојки:

  • 1 кг бел грав
  • 1 кромид
  • 1 праз
  • 10 суви црвени пиперки
  • 200 мл масло
  • 5 чешниња лук
  • сол, бибер
  • пиперка

Подготовка:

Најдобро би било гравот да го натопите вечерта пред да го сварите за да набабри. Кромидот и празот ситно исечкајте ги, па заедно со гравот ставете ги во тенџере и се прелијте со вода. Додадете малку масло, покријте и сè варете на умерен оган додека не омекне гравот. Потопете ги пиперките во топла вода неколку минути. Кога ќе се свари гравот, процедете го, а потоа изгмечете го за да добиете каша. Пиперките исечкајте ги на ленти, па кратко пропржете ги на малку масло. Зачинете го гравот по вкус, а потоа додадете ја пиперката. Сè убаво измешајте, па префрлете го во огноотпорен сад. Посипете го со ситно сечкан лук, па прелијте го со преостанатото масло. По желба можете кратко да го печете во рерна, а и веднаш да го послужите.