Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Македонскиот премиер и министрите со двојно пониски плати од косовските и десет пати помали од австриските

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски има плата од 88.260 денари или безмалку 1.500 евра, додека платите на вицепремиерите и министрите се околу 70 тина илјади денари или речиси 1.200 евра.

Тоа е речиси двојно помалку од она што како плата го добиваат нивните косовски колеги. Во Косово, платата на премиерот изнесува 2.950 евра, на вицепремиерите е околу 2.500 евра, додека министрите имаат плати од по 2.000 евра.

Ако овие плати на македонските министри се споредат со владите од земјите во ЕУ, разликата е уште подрастична.

Така на пример, платата на канцеларот во Австрија изнесува 22.640 евра, додека на министрите таа е нешто над 18.000 евра, односно дури над десет пати поголеми од примањата на македонските министри.

Во соседството повисоки плати имаат и премиерите и министрите на Грција, Албанија и Бугарија, додека платите во Владата на Србија се приближно колку и македонските, пишува 24инфо.мк.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +