8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Комбинација која го олеснува дишењето, ги чисти белите дробови и ја смирува кашлицата

Медот во комбинација со други природни состојки е познат како природен и корисен препарат кој го зачувува имунитетот.

Ренот е одличен сојузник во борбата против настинката и бронхитисот, бидејќи содржи глукозинолати, соединенија кои ги разредуваат густите секрети и го олеснуваат нивното исфрлање.

Медот е одличен и поради неговото антисептично и благотворно дејство. Медот од липа е познат во лекувањето на бронхијални проблеми и настинки.

Мед, рен и ѓумбир
Направете природен лек со мешање на две шолји мед, половина шолја рендан ѓумбир и половина шолја рендан рен. Оставете ја смесата да отстои две недели, а потоа, доколку кашлате, јадете по една лажица секое утро. Доколку смесата не можете да ја јадете поради силниот вкус, ставете една кафена лажичка во чајот и испијте ја.

Друг народен лек често се препорачува за чистење на бронхиите (особено се препорачува за пушачи)

Мед, рен и моркови
Направете мешавина од мед, рендан рен и рендан морков во сооднос 1: 1: 1. Значи, ако додадете 100 гр мед, додадете исто толку рен и моркови, измешајте и можете веднаш да употребите една кафена лажичка за почеток.

Ако го користите веднаш, внимавајте – поради ренот има силен вкус, но по неколку дена медот ја извлекува лутината и смесата станува блага.

Можеби ќе ве интересира

Комбинација за полесно дишење: Неколку природни препарати кои го зачувуваат имунитетот

M T

Одлична комбинација: Чоколаден колач со кикиритки

M T