6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСПОРТ

Познато е колку пари заработи Хрватска по вечерашната победа

Пласманот во полуфиналето на Светското првенство не е само спортски, туку и финансиски успех.

Тоа на своја кожа го „почувствува“ Хрватска, која стигна до најдобрите четири селекции во светот победувајќи го Бразил по изведувањето пенали.

Вицешампионите на планетата само со пласман на светската изложба заработија 8,7 милиони евра.

Потоа од триумфот над Јапонија исто така по подобро изведување на пенали инкасираа уште 16,5 милиони евра.

Освојувањето на четвртото место гарантира добивка од 24 милиони евра.

На бронзениот медал му е загарантирана цифра од 26 милиони, вицешампионот ќе инкасира 30 милиони, а светскиот шампион дури 40 милиони евра.

Спонзорирано: