Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Внимателно вечерва на патиштата: На овие места врне дожд и вее снег

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате овде.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Врнежи од слаб дожд имаме на Стража,Маврово,Струга,Македонски Брод и Пресека .Додека врнежи од слаб снег само на Попова Шапка.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје

C +

Мицкоски: Сеќавањето на Холокаустот е наша морална должност, а борбата против омразата е наша историска одговорност

C +