Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Свети Климент Охридски има непроценлив придонес во етаблирањето на нашата култура

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска по повод 8 Декември, големиот празникот Свети Климент Охридски упати честитка до граѓаните.

„Денеска одаваме почит и го славиме Свети Климент Охридски, ученикот на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа.

Свети Климент Охридски има непроценлив придонес во етаблирањето на нашата култура. Неговата мисија е директно поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во нашиот, македонски идентитет.

Го осигуравме признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Денес, македонскиот јазик е меѓународно признат, покрај во Обединетите нации, рамноправно е застапен заедно со сите други европски јазици и во Европската Унија.

Како што успеал Свети Климент во неговата мисијата, сите ние имаме должност и обврска да успееме во надминувањето на секој предизвик, трпеливо, со храбри дела и со позитивни примери, со разбирање и помагање да ги заштитиме вредностите што нѐ обединуваат како граѓани, како народ и како држава.

Да ни е честит големиот празник, Свети Климент Охридски“ се вели во честитката на Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК