Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Честитка од министерот Спасовски по повод празникот Свети Климент Охридски

„Дозволете во мое име и во име на МВР, на сите православни верници да упатам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски – Чудотворец, со желби за добро здравје и благосостојба.

Утрово, во Соборниот храм во македонската престолнина Скопје, кој го носи името на светителот, присуствував на Божествена литургија во служба на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Свети Климент е основоположникот на Македонска православна црква и на нашите писменост и култура. Тој претставува фигура која го осветли патот на Македонецот кон Бога, со зборови ги упатил народите во верата Божја, како прв македонски епископ, а како творец на познатата Охридска школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог, кој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идниот век.

Секогаш со посебен пиетет зборуваме за најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј, кој го трансформираше Охрид во лулка на словенската писменост и култура, грижливо го чуваше и негуваше христијанство на Балканот.

Како автор на многу дела, пофални слова на свети маченици и апостоли, како и поуки за големите христијански празници, нему му се припишуваат и опширните житија на Свети Кирил и Методиј, познати како Панонски легенди, кои се најзначајниот извор за проучување на животот и делото на светите браќа, но и силен доказ за правото на свој јазик, писменост и култура.

Изразувам најдлабока почит кон неговата заслуга за македонскиот народ, идентитет и култура, како светол пример на духовен водач кој се вградува во историјата на европската култура – подвиг кој ние ревносно го продолжуваме обезбедувајќи ги евроатлантските интеграции на нашата земја, како и мир и безбедност за сите наши граѓани.

Нека е за многу години празникот на Свети Климент Охридски!“ се вели во честитката упатена од минситерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК